Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија е на потег, се чека испорачување на Даравелски во Македонија

Србија е на потег, се чека испорачување на Даравелски во Македонија
Поранешниот директор на Царина, Драган Даравелски денеска треба да биде испорачан во Македонија од соседна Србија. Тој е уапсен по потерница, со првосилна судска пресуда според која проневерил 2,5 милиони евра. Пред неколку години Даравелски помина извесно време во екстрадициски притвор во Белград, но во меѓувреме стана државјанин на Србија и не беше испорачан во Македонија. Тој во 2007 година беше осуден на 7 години затвор со правосилна судска пресуда дека проневерил 2,5 милиони евра, додека беше директор на Царинската управа во периодот 1999-2002 година. Истрагите против него започнаа веднаш по промената на власта во 2002 година. Набргу потоа му беа поднесени неколку кривични пријави поради злоупотреба на службената должност и овластувања по разни основи, а меѓу нив најтешката е за неуплатување на приходите од царините во буџетот на државата и за отуѓување возила, сопственост на Царината и на други институции. Во 2013 година, во медиумите се појавија и негови фотографии од концертот на „Депеш Мод“ во српската престолнина, а неговата сопруга Викторија Џимревска на својот Фејсбук профил објавуваше и фотографии со сопругот, направени во нејзиното модно студио во Белград. Даравелски во земјава  поседува многу недвижен имот.  
Слично

Поврзани вести