Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија е единствена држава во регионот што има фабрика за јајце во прав

Србија е единствена држава во регионот што има фабрика за јајце во прав
Во јуни годинава се отвори единствената фабрика во регионот за јајце во прав Меланж, во Ваљево, Србија. Белградската фирма Меланж, во изградбата на фабриката и опремата вложи повеќе три милиони евра. Дневно се преработуваат околу 200.000 јајца, а во фабриката се произведува меланж, течна белка и жолчка, како и јајце во прав. Дневно се произведува повеќе од пет тони течна жолчка, белка, меланж и околу 1,25 тони јајце во прав. Проценките се дека годишно во оваа фабрика ќе се произведува околу 1.500 тони течни производи од јајце и 350 тони јајце во прав. - Преработните производи се наменети за кондиторската индустрија, а производството планираме да го пласираме и на пазарите во земјите членки на ЦЕФТА и  во  Русија. Ваквите преработки од јајце немаат никакви бактерии или примеси. Во однос на свежите јајца лесни се за транспорт, со голем рок на траење а како финален производ имаат доста повисока цена, изјави летово на отворањето на фабриката директорот, Александар Радовиќ.
Слично

Поврзани вести