СРБИЈА Е ЦЕЛОСНО ЗАВЕАНА ВО СНЕГ: Вонредни состојби се прогласени во повеќе општини, хаос и во Белград
Србија од вчера е
целосно завеана во снег, поради што во некои општини веќе е прогласена вонредна
состојба. Наштешка е ситуацијата во Чачак, Ивањица, а хаос е и во главниот
град, Белград.
Центрите за кризни состојби информираат за обилни снежни врнежи кои блокираа патишта, уриваа дрвја, и предизвика дефекти на високонапонските и нисконапонските електроенергетски мрежи.
-Со цел нормализирање на снабдувањето со електрична енергија и нормализирање на сообраќајот во државата итно се дадени насоки за спроведување на оперативните мерки за заштита и спасување.
Во пониските делови на Ивањица снежната покривка е триесет сантиметри, додека во селата и до еден метар Над 3.400 домаќинства се без струја.
Снегот кој непрекинато паѓа од вчера изутрина предизвика колапс и во Белград, патиштата се завеани, автомобилите стојат во колони, сообраќајот се одвива отежнато.
