Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија: Државата, во наредните две години, ќе ги финансира РТС и РТВ

Србија: Државата, во наредните две години, ќе ги финансира РТС и РТВ
Јавните сервиси, Радио телевизија Србија и Радио телевизија Војводина, во наредните две години, ќе се финансираат од буџетот на државата, објави денеска српскиот помошник-министер за култура и информирање, Драган Коларевиќ, пренесува телевизија „Пинк“. - Станува збор за два закона, законот за електронски медиуми и законот за јавни медиумски сервиси. Јавни медиумски сервиси се РТС и РТВ. Поради актуелната економска ситуација, донесена е одлука финансирањето да биде од буџетот. По две години, ќе се пронајде метод за финансирање кој би требало да биде во вид на претплата или надомест  – изјавил Коларевиќ.  
Слично

Поврзани вести