Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија доби влада шест месеци по изборите, Брнабиќ остана премиер

Србија доби влада шест месеци по изборите, Брнабиќ остана премиер


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска, шест месеци по изборите, конечно го објави составот на идната влада и ги прочита имињата на новите министри кои ќе ја сочинуваат владата.

Седницата на претседателството на Српската напредна партија (СНС) започна утрово во девет часот, по што лидерот на партијата и претседател на Србија, Александар Вучиќ одржа конференција за медиумите на која ги прочита имињата на нови министри во владата.

Како што пренесува српскиот портал Вечерње новости, Ана Брнабиќ ќе остане премиер, а познати се и имињата кои ќе се најдат во министерските фотелји.

Во владата останаа некои стари имиња, но има и нови функционери.

Ивица Дачиќ, министер за надворешни работи,

Милош Вучевиќ, министер за одбрана,

Синиша Мали, министер за финансии,

Томислав Момировиќ, министер за внатрешна и надворешна трговија,

Раде Баста, министер за економија,

Јелена Танасковиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,

Ирена Вујовиќ, министерка за заштита на животната средина,

Горан Весиќ, министер за градежништво, транспорт и инфраструктура,

Дубравка Негре, министер за рударство и енергетика,

Маја Поповиќ, министерка за правда,

Александар Мартиновиќ, министер за администрација и локална самоуправа,

Томислав Жигманов, министер за човекови и малцински права и социјален дијалог,

Братислав Гашиќ, министер за внатрешни работи,

Тања Мишчевиќ, министерка за евроинтеграции,

Бранко Ружиќ, министер за образование,

Јелена Беговиќ, министер за наука,

Даница Грујичиќ, министерка за здравство,

Никола Селаковиќ, министер за труд, ветерани и социјала,

Дарја Кисиќ, министерка за семејна грижа,

Хусеин Мемиќ, министер за туризам,

Зоран Гајиќ, министер за спорт,

Маја Гојковиќ, министерка за култура и

Милан Кркобабиќ, министер за грижа на селото.

Во исто време, некои министерски места се сè уште непополнети, како што се министерот за телекомуникации, јавни инвестиции и во министерството без ресор.

Исто така, без министерски позиции останаа и некои познати имиња како Златибор Лончар, Зорана Михајловиќ, Небојша Стефановиќ, Александар Вулин и Бранислав Недимовиќ, бидејќи, како што објави Данас.рс, тие нема да бидат дел од новиот состав на Владата.

Покрај составот на владата и имињата на министрите, Вучиќ рече дека на седницата на претседателството на СНС разговарале и за примарните проблеми и прашања со кои ќе се занимава Владата.

Како што рече Вучиќ, на прво место е прашањето за Косово, а потоа надворешнополитичката ситуација.


Слично

Поврзани вести