Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија денес има скоро 3.000 заболени од коронавирусот

Србија денес има скоро 3.000 заболени од коронавирусот

Во Србија има скоро 3.000 заразени со коронавирусот. 

Евидентирани се 2.956 пациенти инфицирани од коронавирусот.  Направени се 12.054 тестови, а починале 14 пациенти. На респираторна машина има приклучено 153 пациенти. Стапката на смртност во моментов е 0,99 проценти. Србија има на располагање повеќе вакцини и добро напредува во процесот на имунизација. Но, се смета дека опуштањето на населнието доведе до раст на бројот на заболени. 

Србија наскоро ќе биде прва во Европа според бројот на вакцинациите, а во моментов е на врвот на листата по број на ревакцинирани граѓани.

Слично

Поврзани вести