Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија денес има над 1.600 заразени

Србија денес има над 1.600 заразени

Расте бројот на заразени со коронавирусот во Србија. Денес имаат 1.650 новозаразени, а починале 5 пациенти. За 24 часа се тестирани 12.869 лица од кои 12,87 отсто биле позитивни на овој вирус. 

Во болниците се хоспитализирани 917 пациенти, од кои 28 се на респиратор.

До сега во Србија коронавирусот е потврден кај 737.969 лица, а вкупно се тестирани 4.870.940.

Српскиот претседател Александар Вучиќ не знае дали ќе бидат воведени нови епидемиолошки мерки за спречување на ширење на коронавирусот во Србија, но потврди пред новинарите дека ќе се вакцинира со трета доза.

Слично

Поврзани вести