Србија цела недела ја тресат земјотреси
За седум дена, кај северниот сосед имало осум земјотреси.
Почнувајќи од 28-ми октомври до 4-ти ноември попладне, инструментите на Републичкиот сеизмолошки завод на Србија регистрирале осум земјотреси.
Серијата започнала минатиот четврток во раните утрински часови кога бил забележан поблаг потрес од 1,6 степени во подрачјето на Брус, а неколку часа подоцна земјиштето заиграло и на територијата на Крушевац, каде бил измерен земјотрес со јачина од 1,7 степени.
Во саботата се тресел Младеновац, а магнитудата на Рихтеровата скала, според официјалните податоци на Републичкиот сеизмолошки завод на Србија, достигнала 2,7. Потоа три пати се тресел Крагуевац. Потоа имало земјотрес во Крагуевац.
Слично
