Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија, Босна и Херцеговина и Турција во заеднички лов на нови пазари

Србија, Босна и Херцеговина и Турција во заеднички лов на нови пазари

Министрите за надворешни работи на Србија, Босна и Херцеговина и Турција,се сретнаа денеска во Сараево во рамки на подготовката за средба на шефовите на трите држави во Анкара на средината на мај. Како што јави Танјуг, тие се согласиле дека продлабочувањето на соработката и заедничкото учество на „четврти пазари“ е приоритет за трите земји и залог за просперитет на регионот во иднина.

Според српскиот министер Иван Мркиќ пред средбата на високо ниво министрите за економија на трите земји ќе потпишат договор за економска соработка и изрази очекување дека тоа ќе биде проследено и од други трилатерални договори.

„Историјата ги испреплете судбините на нашите три земји, сегашноста не поврзува, а со сигурност и иднината ќе ни биде заедничка“, рече Мркиќ на прес-конференција по средбата.

Според најавите во центарот на вниманието на средбата на врвот ќе бидат четири области за соработка - економија, образование, култура и туризам, а трилатерални министерски средби треба да се организираат два пати годишно - на пролет и на есен, а средбите на највисоко ниво - еднаш во годината.

Слично

Поврзани вести