Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија би можела да биде без станари

Србија би можела да биде без станари
Кога во секоја втора празна куќа или стан во Србија би се вселил по еден граѓанин кој нема свој покрив над главата, Србија би била земја без подстанари. Податоците на Републичкиот завод за статистика покажуваат дека под клуч е секој петти стан во Србија. Во селата и градовите каде бројот на подстанари се проценува на најмалку 320.000, празни се дури 607.715 куќи и станови. Големиот број на празни куќи и станови експертите во Србија го објаснуваат дека се случува поради економски причини, демографскиот пад и миграциите, за што најдобар сведок се празните ѕидови. Дека становите одамна не служат само за живеење сведочат и голем број на фирми кои се сместени во нив, адвокатски канцеларии, занаетчиски работилиници... Основната намена во Србија според статистиката не ја користат дури 17.500 жители, дека “гајбата“лесно се претвора во посакуваната намена покажува растот од 6.000 преобразени апартмани во последните десет години. -Поголемиот дел од стамбените објекти се во лоша состојба-за рушење или темелна обнова. Според нашите податоци во Србија постои 1,5 милиони станбени објекти кои не ги исполнуваат стандардите за живот во нив, објаснува Горан Родиќ од одделот за градежнишво во ПКС. Илјадници луѓе живеат во вагони  Во Србија има луѓе кои  живеат секаде каде тоа е возможно. Според пописот за свои домови ѓи користат и старите шлепери, разновидните вагони, војничките шатори, па и расипаните приколки. На ваков начин во оваа земја живеат 7.635 луѓе.

Слично

Поврзани вести