Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија бара лекари и возачи

Србија бара лекари и возачи

Северниот сосед има потреба од работници. На Србија и недостигаат 5.000 здравствени работници и 10.000 возачи. 

„Анестезиолози, невролози, педијатри, офталмолози се само дел од специјалистите кои недостигаат во здравствените установи во Србија, а нивниот број дополнително е „преполовен“ поради пандемијата на коронавирус“, пишува порталот Нова рс.

Покрај здравствени работници, Србија се соочува со одлив на професионални возачи, а единствен начин да се спречи тоа е укинување на забраната за возење за категорија Е пред навршени 21 година, како и пониски цени за дозволите за камиони, велат претставници на домашниот патен транспортен сектор, пишува Данас.

Инаку, Србија пред извесно време се жалеше дека нема ниту доволен број градежници. 

Во регионот, и Хрватска се соочува со недостиг на кадар од повеќе области. 

Слично

Поврзани вести