Срби убиле од ќотек американски турист во Грција
Американски турист починал како резултат на повредите здобиени од претепувањето од страна на српски туристи. Инцидентот се случил во кафе бар на грчкиот остров Закинтос по меѓусебна расправија.
Околу 3.15 часот (по локално време) во локалот Бар Код во Лаганас српските гости заедно со грчкиот бармен и обезбедувачот Британец со српско потекло го претепале 22 годишниот Американец. Тој бил префрлен во болница со тешки рана на главата, но докторите не можеле да го спасат.
Полицијата го привела телохранителот и двајца вработени од локалот.
Слично
