Срби од Врање отишле на одмор во Грција и останале без автомобил
Срби пред два дена останаа без автомобил во Грција. Тие сакале да тргнат кон Врање, но возилото го немало.
Се работи за автомобил Опел Зафира, а газдите на возилото забележале дека го нема кога со децата сакале да тргнат кон Врање. Со оглед на тоа дека автомобилот не бил на местото каде што го оставиле, тие претпоставуваат дека некој го украл автомобилот ноќета. Тие биле на одмор во грчкото летувалиште Неа Плагија. Настанот е пријавен во полиција. Дека автомобилот го снемало српските туристи објавија на социјалните мрежи и во групи каде граѓаните споделуваат информации за одмор во Грција. Бидејќи автомобилот не е скап, газдите се сомневаат дека некој го возел автомобилот и го оставил некаде.
Слично
