Срби не сакаат да платат царина,ги блокираат патиштата кон премините на северот на Косово
Србите од северот на Косово денеска ги блокирале патиштата кон административните премини на северот на Косово, Јариње и Брњак за да се спречи доаѓање на косовски цариници на тие премини.
На патот Косовска Митровица- Рашка во местото Рударе, граѓаните со бетонски коцки го блокирале патот кон Јариње. Сообраќајот во тој дел се одвива забавено и луѓето на блокадите дозволуваат да поминат само автомобили на цивили, како и возила на Еулекс и Кфор.
Според зборовите на насобраните луѓе, преминот е блокиран само за косовските цариници.
Србите од северот на Косово рекле дека стравуваат поради доаѓањето на косовските цариници ќе почне наплата на царина и на премините Јариње и Брњак.
Тие навеле дека не сакаат да плаќаат ништо на Приштина или во посебни фондови, туку сакаат да бидат вратени во системот на Србија.
Слично
