Економија, финансии, бизнис

Контакт

Срби краделе во трговски центар во Австрија

Срби краделе во трговски центар во Австрија

Австриската полиција приведе Срби кои краделе во трговски центар. 

Двајца млади Срби на возраст од 20-ина години се уапсени поради кражба во трговскиот центар „Парндорф“. Граѓанин забележал дека нешто необично се случува и пријавил.

„Мажот забележал автомобил, кој бил паркиран пред трговскиот центар и четворица млади момчиња, кои постојано заминувале и доаѓале до автомобилот. Го оставиле клучот од автомобилот на воланот, што предизвикало посебно внимание“, пренесуваат локалните медиуми.

Човекот видел дека младите влегле во дуќаните со празни кеси и си заминале со полни. Полицијата фатила двајца Срби со полни торби со облека, а потрагата по другите двајца крадци сè уште трае.

Слично

Поврзани вести