Срамежлив напредок на преговорите меѓу Грција и кредиторите
Преговорите меѓу Грција и кредиторите на државата за деблокирање на заемот од 7 милијарди и 200 милиони евра ќе бидат обновени денеска по кратка пауза.
Извори од двете страни дадоа позитивни оценки за разговорите во последните денови и според нив тие бележат напредок.
Претставник на еврозоната истакнал дека не се сите несогласувања се расчистени. Грчкиот владин портпарол наведува дека преговорите оваа недела во Брисел ќе бидат од одлучувачки карактер.
Додека Атина се соочува со опасноста од банкрот, кредиторите од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд инсистират на реформи на пазарот на труд и пензискиот систем, кои влегуваат во спротивност со предизборните ветувања на „СИРИЗА“.
Потсетуваме дека грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис беше отстранет од активниот преговарачки тим со кредиторите.
Тоа беше оценето како вистински чекор од страна на Грција, бидејќи однесувањето и коментарите на Варуфакис доведоа до одредени несогласувања со претставниците на „тројката“. Судот исто така ја пофали оваа одлука, и на овој начин премиерот Алексис Ципрас му ја ограничува улогата на својот министер.
