Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сараќини во САД на средба со американските инвеститори и албанската дијаспора

Сараќини во САД на средба со американските инвеститори и албанската дијаспора

Министерот за економија Ваљон Сараќини до 10 февруари ќе престојува во работна посета на САД, во  Вашингтон и во Њујорк, каде што треба да оствари средба со претставниците на Стопанска комора на Менхетен, со цел иницирање соработка помеѓу коморите на Република Македонија и САД, соопштија од од Министерството за економија

Целта на посетата е претставување на можностите за инвестирање во Република Македонија и најактуелните инвестициски проекти пред заинтересираните инвеститори од САД и претставниците на албанската дијаспора од Македонија.

„Престојот во САД министерот Сараќини ќе го искористи и за посета на „Fast Pack Trading“, најголемиот увозник и дистрибутивен центар на македонски производи во САД, а заедно со претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски ќе оставарт средба со Авни Мустафај, претседател на Албанско-американскиот национален совет“, информираат од ресорното министерство.

За време на престојот во САД, Сараќини ќе има работен состанок со Пејџ Александер, одговорен администратор на УСАИД за Европа и Азија, а ќе ја посети и компанијата Бенџамин М Корп. со седиште во Њујорк, стои во соопштението.

Слично

Поврзани вести