СПЦ и МПЦ го продолжуваат дијалогот
Собранието донесе одлука „начелно да го продолжи“ дијалогот на СПЦ и македонската црква. Ќе биде формирана комисија која ќе раководи со разговорите, а за нејзиниот претседател е именуван митрополитот Амфилохие.
Продолжението на дијалогот со МПЦ , која е во раскол, е условен со постигнување на позитивно решение во новиот судски процес кој е покренат против архиепископот охридски и митрополитот скопски Јован, како и 18 други припадници на Охридската Архиепископија, меѓу кои се двајца епископи.
-Во цел водење на разговорите, ќе се формира нова Комисија на Светиот архиерскто Собрание за дијалог со претставнците на таканаречената македонска православна цркба , и за нејзини претседател ќе биде именуван митрополитот Амфилохие, а членовите се Иринеј, захумско херцеговачкиот Григорије и епископот на Охридската Архиепископија Давид се наведува во соопштението на СПЦ.
