Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спроведена aнтитерористичка операција во повеќе градови низ Македонија

Спроведена aнтитерористичка операција во повеќе градови низ Македонија
Единиците на министерството за внаштрешни работи спроведоа антитерористичка акција во повеќе градови низ Македонија, насочена против припадници на џихадистичката организација Исламска држава во земјава, како и против лица кои учествувале во врбување македонски државјани за учество во паравоени формации.

До сега во Скопје, преземена е акција во населбите Гази Баба, Дижонска и Серава, како и во градовите Струга и Куманово.

Приведени се и неколку лица.

Акцијата била преземена за пронаоѓање на учесници во војните во Сирија и Ирак.

Полицијата извршила претрес и во џамиите Тутунсуз и Јаја Паша, за кои добила информации од ИВЗ дека не се контролирани од таа верска институција.

Од МВР најавија повеќе информации во текот на денот.

Слично

Поврзани вести