Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали ќе стасаме на време на лекар?

Дали ќе стасаме на време на лекар?
Електронскиот систем за закажување на лекар „Мој термин“ функционира успешно, а досега се евидетнирани 700 илјади пациенти во него, порачуваат од Министерството за здравство, по критиките во јавноста за неможноста на дел од пациентите да дојдат до лекар. Од Министерството за здравство кои за Фактор не одговорија на поплаките на пациентите, сега на посебно свикана прес – конференција одговорија на проблемите со функцинирањето на системот. Еден од главните проблеми на граѓаните, за кои информираше Фактор, е долгото време на чекање за посета на лекар. Па така граѓаните сведочат дека за обични прегледи матичниоте лекари им закажуваат повеќемесечни термини, со образложение дека лекарот дури тогаш е слободен. Од Министерството за здравство сега признаваат дека проблемот постои, и велат ќе настојуваат времето за закажување да не биде подолго од неколку недели.
Гледаме целото закажување да го направиме за месец дена, ако се отворат термини за два месеци тогаш голема е можноста пациентите да не дојдат на преглед, па тие термини да бидат за џабе зафатени, така да гледаме сите термини да бидат максимум до две недели чекање – вели Милан Аризанковски, координатор на електроснкиот систем за закажување во Министерството
Фактор веќе го пренесе сведочењето на 59 гоодишниот скопјанец Стојан Велковски кој објаснува дека поради проблеми со простата отишол на матичен лекар, кој заклучил дека не се работи за итен случај во Ноември му закажал преглед на специјалист за месец Фебруари.
Јас не знам што направија со здравствово, сега треба три месеци да чекам само да видам што е тоа што ме боли. Јас се согласувам дека не е итна состојбата, но од каде да знам што ми е, можеби се работи за тумор или нешто полошо, сега треба да живеам во страв до Фебруари, и не можам да отидам на лекар – сведочеше Стојан Велковски
Во случајот на Велковски, кој е сличен со илјадници други во Македонија, матичниот лекар ги следел протоколите на министерството, и му кажал на пациентот дека доколку му се влоши состојбата, ќе добие итен упат. Но тоа во пракса значи дека човекот два или повеќе месеца ќе мора да живее со болеста и болката, и ќе размислува дали се работи за тешка болест или лесно заболување. ОСТАНАТИТЕ АНОМАЛИИ НА „МОЈ ТЕРМИН“ Од Министерството за здравство објаснија и во кои случаи лекарот може да издаде приоритетен упат, со кој пациентот ќе може да отиде на лекар, без разлика на слободните термини. Тоа е во случаите кога постои итна сстојба, кога пациентот има закажано интервенција пред воведувањето на системот, и кога пациентот има ургентна бирократска процедура, како на пример боледување кога треба да добие мислење од специјалист. Но во пракса пациентите се соочуваат и со други проблеми на електронското закажување. Дел од нив пренесени во Фактор, се слуачите на „паѓањето“ на системот, кога лекарот воопшто не може да закаже. Други се кога лекарот кај кого е закажан терминот не е на работното место од оправдани или неоправдани причини. Тогаш се случува пациентот да го изгуби целиот термин, па да мора да закажува нов. Од Министерството за здравство се децидни, дека тој проблем е предвиден и дека во пракса се решава веднаш. Ако лекарот е одсутен од оправдани причини, ама можност да пријави одсуство и да бид прегледан од друг лекар, но доколку пациентот инсистрира да биде прегледан од тој лекар или ќе мора да чека да се врати лекарот или ќе му се закаже друг термин Жаклина Чагороска, советник во ИКТ-тимот на системот „Мој термин“ По соочувањето на проблемите на теренот, и одговорите на Министерството за здравство, останува евидентно дека постојат различни ставови, меѓу дел од јавноста и надлежните за функцинирањето на системот. Притиснати од доказите, авторите на „Мој термин“ признаваат дела од аномалиите и велат дека работат на решенија. Пациентите пак со поделени ставови, оние кои добиваат навремени прегледи и контроли се задоволни, а оние кои со месеци чекаат на лекар, или не можат да дојдат до својот специјалист кој ги лекува со години велат дека порано тоа не било случај. До својот лекар доаѓале многу полесно, а времето за чекање било пократко, бидејќи во болница можеле да отидат секогаш кога мислеле дека имаат потреба. С.Р.
Слично

Поврзани вести