Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПРЕМЕТЕ СИНЏИРИ И ЗИМСКИ ГУМИ: Од сабота задолжителна зимска опрема!

СПРЕМЕТЕ СИНЏИРИ И ЗИМСКИ ГУМИ: Од сабота задолжителна зимска опрема!
Задолжителната обврска за зимска опрема во возилата запоќнува да важи од 15 ноември (сабота). За возачите на автомобили, џипови и лесни камиони ова значи дека ќе мора да имаат зимски гуми на возилата и синџири за снег. Возачите на автобуси и тешки камиони, пак, ќе мора да имаат и лопата ако на погонските тркала не може да се постават синџири за снег. Казните за непочитување на оваа одредба се движат од 45 евра. Полицијата сезонава интензивно ќе контролира дали поседувате зимска опрема, а набавени се и специјални апарати со кои ќе се мери длабочината на шарите на зимските гуми. Тие треба да бидат длабоки најмалку четири милиметри. Обврската за задолжителна зимска опрема трае до 15 март следната година.
Слично

Поврзани вести