СПРЕМЕТЕ СЕ: Во Грција кафе 5 евра, а поскапе и …
Грците утрово се разбудија пиејќи поскапа шолја кафе и гледајќи поскапа ТВ програма.
Зголемувањето на данокот ќе влијае на цените во ресторани, кафичи, супермаркети, цени на интернет, фиксни телефони и ТВ претплати.
Денот им осамна со нов бран поскапувања, кои ги бараат кредиторите во замена за исплата на додатните средства на Атина од меѓународниот пакет помош, а најмногу како што се наведува, поскапеле кафето и пивото.
Почнувајќи од денес, главната стапка на данок на промет или данок на додадена вредност ДДВ, е зголемена од 23 на 24 одсто. Исто така е зголемен данокот на интернет-услуги, фиксна телефонија и на плаќање ТВ претплати.
Најновото зголемување на данокот наиде на остри критики на сопствениците на мали фирми, поради што, според нивните зборови, ќе биде погодена потрошувачката во земјата која уште се опоравува од шестгодишната финансиска криза, која доведе до пад на БДП за четвртина и до скок на стапката на невработеност на околу 24 одсто.
„Шесто зголемување на стапката на ДДВ за шеста година и второ во последните десет месеци, значи дека нашите животи од денес ќе бидат поскапи за 437 милиони евра годишно, додека истовремено секое зголемување на данокот ја крати потрошувачката, обратот и државните приходи“ изјавил директорот на Грчката канцеларија за претприемништво и трговија Васили Коркидис.
Сопственичката на еден каф бар во Атина изјавила дека ова е второ зголемување на данокот на кафе за една година.
„Цената веќе е прилично висока. Ова е земја каде многу луѓе имаат проблем да платат 3-3,5 евра, поради што многумина престанаа да доаѓаат на кафе“, изјавила Катерина Вагена, чиј кафе бар во Атина вработува пет лица.
Владата во Атина споменатите мерки ги усвои пред нејзините партнери од 19-члената зона на еврото да се согласат на деблокада на траншите во износ од 10,3 милијарди евра од пакетот помош и ги отвориле преговорите за ублажување на теретот на долг на Атина.
Грчката левичарска влада, исто така, најавила реорганизирање на пензискиот систем и се согласила на амбициозни буџетски цели.
