СПРЕМЕТЕ СЕ НА ВРЕМЕ: Во март е крајниот рок за аплицирање за огревно дрво
За да не се повтори ланската слика и да нема доцнење во испораката на огревно дрво, од делчевската Подружница на Македонски шуми ги повикуваат граѓаните до 15 март да достават барања за огревно дрво.
Огласот објавен деновиве предвидува плаќање на договореното огревно дрво на осум рати за физички лица кои припаѓаат на ранливите категории, инвалиди и пензионери, а останатите на пет рати
. Цената на огревното дрво и оваа година останува иста. 2.870 денари за кубик буково дрво од прва класа, а за дабово 2.970 ден.Лани во рамките на акцијата Гора на териоторијата на Делчево и Каменица се одземени 100 кубни метри дрва поради бесправна сеча и несоодветни документи.
Слично
