Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спречен шверц на мигранти во два одделни случаи

Спречен шверц на мигранти во два одделни случаи
Полицијата вчера спречи шверц на мигранти во два наврати. Во првиот случај на клучката кај Демир Капија, полицијата забележала два автомобила. Во првиот со бугарски ознаки управуван од прилепчанец се превезувале четворица илегални мигранти од Ирак. Во вториот автомобил со кумановски регистарски таблички, истата патрола пронашла пет илегални мигранти од Ирак. Во друг случај, како што информира МВР, на автопатот Гевгелија- Демир Капија во патничко моторно возило со скопски регистарски таблички се пронајдени 12  мигранти од Пакистан.
Илегалните мигранти ќе бидат сместени во прифатниот центар за странци, а против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Слично

Поврзани вести