СПРЕЧЕН САМОУБИСТВЕН НАПАД ПЛАНИРАН ЗА НОВА ГОДИНА: Полицијата уапсила двајца поврзани со ИСИС во Анкара
Турската полиција уапсила две лица за кои се сомневала дека се поврзани со „Исламска држава“ и дека планирале да извршат самоубиствени напади за новогодишната ноќ во Анкара, соопштија денеска официјални лица.
„Тие се осомничени дека се поврзани со „Исламска држава“ и дека планирале да извршат напади за Нова година во Анкара“, изјавил за агенциите анонимен турски фунционер.
Приватната телевизиска станица „НТВ“ соопшти дека припадниците на антитерористичката единица ги уапсиле осомничените во Мамаку, предградие на Анкара.
Слично
