Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спречен атентат врз премиерот на Косово

Спречен атентат врз премиерот на Косово

Полицијата на Косово спречила атентат врз премиерот Иса Мустафа, соопшти онлајн изданието на весникот „Коха Диторе“.

Утрово две лица се обиделе „да ја пресретнат и нападнат“ моторизираната придружба на премиерот. Тие сакале да фрлат метални предмети под тркалата на колоната од автомобили, за да бидат пукнати гумите и да биде запрена моторизираната придружба, во кој патувал премиерот. Полицијата сепак им попречила.

„Полицијата веднаш интервенираше и го спречи нападот на лицата кои избегаа. Тие оставиле завиткани во хартија пакети во кои имаше метални предмети за пукање на гумите, а исто мобилен телефон“, гласи пораката на Министерството за внатрешни работи.

Премиерската моторизирана придружба го продолжила својот пат без никакви тешкотии, а властите пристапиле кон потрагата по осомничените во обидот за атентат.

Слично

Поврзани вести