Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спречен атентат врз Порошенко?!

Спречен атентат врз Порошенко?!

 Силна експлозивна направа е пронајдена близу до резиденцијата на украинскиот претседател Петро Порошенко, соопшти извор од служба на обезбедувањето.

„Уредот бил пронајден во текот на ноќта близу до капијата каде поминува претседателското возило. Тоа беше сад со пет гранати и еден килограм метални навртки“, изјавил изворот кој сакал да остане анонимен, пренесува Ројтерс.

„Тоа навистина беше силен уред“, додава тој, не наведувајќи други детали.

Обезбедувањето на претседателот демонтираше бомба, наведува британската агенција.

Украинското претседателство не даде веднаш соопштение. Порошенко положи заклетва минатата седмица после победата на изборите кои беа одржани на 25 мај.

Неговиот претходник Виктор Јануковиќ беше симнат од власта во февруари после протестите во Киев, а новите власти се соочуваат со бунт на проруските сили на истокот на Украина.

Слично

Поврзани вести