Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спорот за името лошо влијае и врз Грција?

Спорот за името лошо влијае и врз Грција?

Поради проблемот со Скопје и името, како и низата настани без резултати, паѓа грчкото влијание во регионот, пишува грчкиот министер за одбрана Димитрис Аврамопулос во колумна за  неделното издание на весникот „Катимерини“ .

Според Аврамопулос сега треба да се истакне дека соседите на Грција гледаат како на врата кон Европската унија и модел за модерна демократија, развој и напредок.

„Грција во изминатите децении имала многу важна улога како  мост на земјите од Југоисточна Европа кон Европа, а преставувала и столб на стабилност во поширокиот регион“, забележува Аврамопулос кој семата дека иако кризата во Европа трае, Грција се враќа во својата геополитичка средина и презема нова улога.

„Оваа нова геополитички стабилна и стабилизирачка улога на нашата земја ја носиме и во нашите односи со соседните земји, Европа и САД, без да ја оставиме традиционалната мултидимензионална надворешна политика и цели во поширокиот географски регион и светот“ , стои во колумната.

Аврамопулос изрази отворени пофалби за работата во грчкото МНР и подвлеше дека редефинирањето на стратешните односи со САД, што е резултат на иницијативите на грчката дипломатија во изминатата година, доведоа до зајакнување на стратегијата на Грција.

„Грчкото претседателство со Европската унија од 1 јануари 2014 година е можност за повторно претставување на Грција на геостратешката сцена, но и значаен придонес на Атина за ревитализација на трансатлантската алијанса, која историски е конституирана како  фиксна оска на соработка и обединет фронт за решавање и надминување на кризите и заканите за глобалното општество“, заклучува грчкиот министер Аврамопулос .

Слично

Поврзани вести