Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спорот со името со Грција се најде во прашањата за екстерно

Спорот со името со Грција се најде во прашањата за екстерно

Екстерното тестирање официјално започна вчера.

Но уште од старт ги збуни и наставниците и учениците, а богами и родителите.

Спорот со името дел од прашањата за екстерно тестирање.

Едно од прашањата вели вака: „Спорот за името со Грција со вклучување на трета страна може да се реши со:

а) диполматија

б) компромис

в) спогодба

prasanje_eksterno

Дветооделенците  на ова прашање велат дека одговориле различно, на среќа, а вистински одговор подоцна не можеле да добијат ни од нивните родители, кои исто така биле изненадени од прашањето.

Учениците се жалат дека во прашањата за математика за четрвто одделение имало и некои непрецизни и збунувачки задачи, а  на тестирањето  биле регистрирани и голем број технички грешки.

Забележани биле прашања без ниту еден понуден одговор, или пак задачи поставени на албански јазик  со одговори на англсики . Како особено спорен албанската етничка заедница  посочи пример на прашање  каде претставник на овој етникум е  според нив ставен во инфериорна позиција

Надлежните велат приговорите за техничките грешки, ќе бидат уважени и на учениците нема да им се одземат бодовите.

Слично

Поврзани вести