Спорот со името останува непремостлив проблем
Според министерот за надворешни работи Никола Попоски, Грција не е заинтересирана за решавање на спорот за името. Ваквата оценка преку Твитер, тој ја даде непосредно по соноќешната средба со Евангелос Венизелос.
„За сe друго можеме да бидеме партнери, но за спорот меѓу нас се планини", напиша Попоски.
Според грчките медиуми, Венизелос ги изнел грчките ставови за тоа како треба да се реши спорот за името, односно тоа дека се инсистира Македонија да го смени името и тоа да важи за сите употреби.
Синоќа Венизелос се сретна и со американскиот државен секретар Џон Кери во Њујорк, каде се зборувало и за спорот, а Кери бил информиран за грчките, но и за последните случувања во врска со Кипарскиот проблем.
Слично
