Спорот со името на маргините на Генералното собрание на ОН
Прашањата, како што е спорот за името меѓу Македонија и Грција, ќе бидат разгледани на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, а САД ќе работат на ова прашање изјави Дин Питман, помошник државен секретар на САД.
„Ако погледнеме кој се ќе биде во Њујорк, таму ќе имаме можност да обрнеме внимание и на помалите прашања, покрај поголемите прашања. Ќе има делегации од секоја земја во светот, најголем дел од функционерите во Стејт Департментот исто така ќе бидат во Њујорк, државниот секретар, помошниците секретари, и ќе има можности да се искористи и тоа за ваквите помали прашања, кое знам дека не е мало прашање, бидејќи да беше мало, досега ќе беше решено, изјави Питман.
Прашањето за спорот за името меѓу Македонија и Грција, Питман го стави во категоријата замрзнати конфликти, како територијалниот спор меѓу Ерманија и Азербејџан.
На Генералното собрание во Њујорк од македонска страна предвидено е да присуствуваат претседателот на Владата на Македонија Никола Груевски, кој пред Генералното собрание ќе се обрати на 27 септември, и министерот за надворешни работи Никола Попоски.Грчката делегација ќе ја предводи министерот за надворешни работи Евангелос Венизелос. Грчки дипломатски извори најавија дека е можно и грчкиот премиер Андонис Самарас да дојде во Њујорк, иако помина само еден месец по неговата посета на Њујорк и Вашингтон.
Како што истакна Питман, главното прашање на кое САД ќе работат во Њујорк, односно како што рече „слонот во собата“, ќе биде војната во Сирија.
Слично
