СПОРНИТЕ ГЛАСАЧИ почнаа да се пријавуваат-засега над сто потврдиле идентитет!
Откако Државната изборна комисија ги објави на веб страната имињата на спорните гласачи кои имаат рок до 16 август да се пријават, оние кои се прочитаа на списокот почнаа да се пријавуваат.
Според информациите на ДИК досега се пријавиле вкупно 122 граѓани чии податоци на Избирачкот список беа спорни
„До сега, можноста за пријавување ја искористиле вкупно 122 граѓани, и тоа лично во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија или во дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија, вкупно се пријавиле 5 граѓани, додека можноста за електронско пријавување ја искористиле 117 граѓани“, се вели во соопштението од ДИК.
Сите оние лица кои ќе се прочитаат на листата спорни гласачи имаат можност повторно да бидат запишани во Избирачкиот список а се што треба е да се пријават до ДИК и на тој начин ќе го доказат идентитетот.
Доколку спорните гласачи не се пријават во предвидениот рок кој е 25 дена за да ги расчистат сите неправилности во однос на податоците, ДИК ќе има право да ги избрише. Станува збор за околу 39.502 гласачи.
Државната комисија ќе подготви упатства, формулар за пријавување и ќе објави јавен повик на својата страница, како и на страниците на дипломатско-конзуларните претставништва, за да може да прочитаат и оние македонски државјани кои живеат во странство.
Да потсетиме дека пратениците пред неколку дена со 92 гласа „за“, три „против“ и еден „воздржан“ по скратена постапка ги изгласаа измените на Изборниот законик.
