Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спорните гласачи да се пријават до 19 часот во ДИК

Спорните гласачи да се пријават до 19 часот во ДИК

До 19 часот денеска спорните гласачи можат да го регулираат своето гласачко право.

Канцелариите на Државната изборна комисија ќе бидат отворени до 19 часот. Дотогаш спорните гласачи можат да ги дополнат сите податоци за нивниот запис во избирачкиот список. Електронското пријавување денеска ќе може да се направи и нешто подоцна.

За 39.052 гласачи податоците за нивното избирачко право се нецелосни. Досега се пријавиле скоро 7000 гласачи и тоа 3.015 лица во подрачните одделенија и канцеларии и 3.969 преку веб-апликацијата на интернет-страницата на комисијата. Најмногу спорни гласачи се пријавиле во скопската општина Чаир – 974, во Сарај 553, Kуманово - 500 и во Тетово - 475. ДИК за пријавените ќе изврши дополнителна проверка во рок од 10 дена.

Проверката на своето избирачко право граѓаните ќе може да направат и за време на јавниот увид во избирачкиот список.

Досега пријавувањето на спорните гласачи имаше слаб одзив.

Слично

Поврзани вести