Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спорните гласачи бавно се пријавуваат во ДИК – рокот при крај

Спорните гласачи бавно се пријавуваат во ДИК – рокот при крај

Само 5.022 спорни гласачи до денеска напладне се пријавиле во Државната изборна комисија.

Од нив, 2.236 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии, како и во дополнителните канцеларии на ДИК, а 2.786 за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет-страницата на Државната изборна комисија.

Најмногу граѓани со спорни записи во избирачкиот список се пријавиле во општините Чаир, Тетово, Сарај и Куманово.

Вкупно 39.502 гласачи се водат како спорни записи во избирачкиот список, а рокот за пријавување истекува за четири дена.

Граѓаните треба да го регулираат своето гласачко право за да гласаат на следните избори. Нивните податоци не се совпаднале при вкрстени проверки и затоа се спорни.

Слично

Поврзани вести