СПОРНИ ГЛАСАЧИ: Што ќе прави ДИК со нив?
Над 39 илјади спорни гласачи од Избирачкиот список и нивните имиња ќе бидат познати до вторник.
ДИК ќе ги објави на веб страната а според информациите кои ги пренесоа дел од медиумите до 20 август треба да заврши и теренската проверка.
Тоа се гласачи кај кои не е дојдено до различни или невозможни податоци при административната проверкаа при теренската проверка, луѓето не се пронајдени.
Тоа значи дека доколку спорните гласачи не се пријават во предвидениот рок кој е 25 дена за да ги расчистат сите неправилности во однос на податоците, ДИК ќе има право да ги избрише. Станува збор за околу 39.502 гласачи.
Државната комисија ќе подготви упатства, формулар за пријавување и ќе објави јавен повик на својата страница, како и на страниците на дипломатско-конзуларните претставништва, за да може да прочитаат и оние македонски државјани кои живеат во странство.
Да потсетиме дека пратениците пред неколку дена со 92 гласа „за“, три „против“ и еден „воздржан“ по скратена постапка ги изгласаа измените на Изборниот законик.
