СПОРЕДБА СО ЕУ: Македонија сепак има доста поевтина храна
Нашата земја е со евтина храна во споредба со европските држави, покажуваат најновите податоци на Евростат. Цените на прехранбените производи во земјава се дури 26,6 отсто пониски од просекот на Европската Унија(ЕУ), односно изнесуваат само 73,4 отсто од ЕУ просекот.
Македонија сепак не е најголемата земјоделска економија во регионот, со 8,8 отсто удел на земјоделството во вкупниот БДП. Пред неа во регионот по учество на земјоделството се само Албанија (17,9 отсто) и Косово, додека зад неа се Црна Гора (6,5 отсто), Турција (6,3 отсто) и Босна и Херцеговина (5 отсто). Србија има најнизок удел со само 3,7 отсто.
За Албанија е наведено дека се поскапени јајцата, сирењето и млекото.
foto freepik.com
Слично
