Економија, финансии, бизнис

Контакт

Според Рама нема никаков план за создавање Голема Албанија

Според Рама нема никаков план за создавање Голема Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама за грчката телевизија Скај истакна дека ниту има план ниту намера да се создаде Голема Албанија. Токму затоа Албанија нема никави територијални претензии кон Грција или пак останатите соседни земји.

Во училиштата во Албанија не постои никаква карта на „Голема Албанија“, туку станува збор за географски карти на земјите од регионот каде живеат Албанци.

„Немаме право да ги менуваме границите, ниту да земаме дел од териториите на Грција, Србија или Македонија и на тој начин да создаваме „природна Албанија“, истакна албанскиот премиер.

Рама изјави дека албанскиот народ има интересно минато, имајќи предвид дека „еден народ е во две земји“.


Слично

Поврзани вести