Според Петковски аферата Македонска банка е играчка за „бомбата“ што ја најавува опозицијата
Аферите „Македонска банка“ и „Актор“ се обична играчка за она што сега го поседува претседателот на СДСМ Зоран Заев тврди првиот човек на НСДП Тито Петковски, во интервјуто на Радио Слободна Европа што ќе се емитува во недела. Тој вели дека најавувана бомба била збир на различни документи, сознанија и релевантни факти за бескрупулозноста на власта во сите сфери од животот. Во врска пак со конкретна содржина на долго најавуваните наводни серија афери Петковски вели дека нема мандат да зборува.
- Мислам дека е можно, бидејќи во секој случај, доколку Али Ахмети дојде во сознание за можноста владата да падне, а тој да остане на власт, веројатно дека кај него ќе предизвика чувство на потреба со силите коишто доаѓаат, со силите кои ќе ја преземат одговорноста да ја водат државата -, вели Петковски кој смета и дека владеењето на Груевски и на Ахмети се основало на креирање на националистички набој со цел освојување на гласови.
На прашањето дали е можно после објавата на така наречената „бомба“ и докази премиерот Груевски би си заминал од власт Петковски претпоставува дека убеденоста има основ. „Ако ви кажам дека сознанието, односно аферата за Македонска банка и за Актор се обична играчка во споредба со фактите со кои располага Заев, па сами судете. Целото интервју може да го прочитате овде.