Економија, финансии, бизнис

Контакт

Според ЕВРОСТАТ најбогати жители има Лондон, а најсиромашни-Бугарија

Според ЕВРОСТАТ најбогати жители има Лондон, а најсиромашни-Бугарија

Според Евростат жителите на западен Лондон се 6 пати побогати од просечните жители на Европа, додека жителите на северозападните региони во Бугарија се 3 пати посиромашни.

Анализата е направена според БДП по глава на жител и изразен е „стандардот на куповната моќ“, со регистрирање на разликата во цените меѓу одделни зони.

Најбогатите граѓани на ЕУ живеат во западните квартови на Лондон, каде БДП по глава на жител изнесува 611 отсто повеќе од просечниот во Унијата. Следуваат граѓаните на Луксембург (257 отсто), на југоисточна Ирска (217 отсто) како и на Брисел и Хамбург (по 200 отсто).

На долниот дел од класификацијата, со 29 отсто од просечниот БДП е бугарскиот севрозападен регион. Од 21 регион со БДП по глава на жител под 50 отсто од просечниот за ЕУ, пет се во Бугарија и Полска, четири во Унгарија, три во Романија и во Грција и еден во Франција, објави денеска Евростат. (МИА)


Слично

Поврзани вести