Економија, финансии, бизнис

Контакт

Според Економист во Албанија од корона починале над 12.000 луѓе или 4 пати повеќе од пријавеното

Според Економист во Албанија од корона починале над 12.000 луѓе или 4 пати повеќе од пријавеното

Најмалку 12.000 Албанци починале од Ковид-19, што е четири пати повеќе од пријавените, пишува Економист. 

Весникот проценува дека реалниот број на починати од пандемијата се движи од 12 до 15 илјади. 

Престижниот британски весник објави текст во кој тврди дека го пренесува реалниот број на починати од почетокот на пандемијата, со што ги побива бројките што ги објавуваат одговорните институции на државите.

„Економист обработил податоци од 186 земји во светот, вклучително и нашата земја, и заклучил дека бројот на жртвите од Ковид-19 не е 5,5 милиони, туку околу 19,1 милиони. Оваа бројка е речиси четири пати поголема од она што државите официјално ја објавија“, пренесува албанската агенција Балкан веб.

Албанија деновиве како и многу други земји урива рекорди со бројот на заразени. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести