Според анкета на Пулс, 62 отсто од Грците се против договорот со Македонија
Според резултатите од анкетата спроведена од агенцијата за испитување на јавното мислење „Пулс“, 62 отсто од Грците се против спогодбата со Македонија околу името.
Од нив, 48 отсто имаат „дефинитивно негативен“ став, 14 отсто „веројатно негативен“ став, „позитивен“ 15 отсто и 12 отсто имаат„ делумно позитивен“ став.
Според прогнозите за потенцијални избори, 58 отсто сметаат дека ќе победи Нова демократија, а 23 отсто победа за Сириза.
Спогодбата на Грција и ЕУ за третиот пакет помош, како и новите мерки за штедење, 49 отсто од анкетираните го оценија негативно, а 37 отсто позитивно.
Од нив 63 отсто сметаат дека во последните 6 месеци работите во Грција се движат во погрешен правец, а најголемо незадоволство предизвикува спогодбата на Атина и Скопје.
