Според анкета на ИРИ граѓаните повеќе му веруваат на Груевски, отколку на Заев
Американскиот републикански институт спроведе теренска анкета од 6-ти до 15-ти јуни чии резултати покажуваат дека актуелниот премиер Никола Груевски е во предност и ја ужива поддршката на граѓаните.
Според податоците од анкетата 23 одсто од граѓаните би гласале за партијата на власт, додека 11 одсто својот глас би го дале за СДСМ доколку утре би се одржеле парламентарни избори.
Испитаниците одговориле дека ВМРО-ДПМНЕ има поголем капацитет да се справи со проблемите, намалувањето на невработеноста, унапредување на економијата.
Политичар на кој му веруваат 18 проценти од граѓаните е Никола Груевски, а Заев ужива поддршка од 7 одсто. Политичар на кој најмалку му веруваат граѓаните е Мендух Тачи, а Али Ахмети е во блага предност пред него со 6 одсто поддршка.
Најнапорно за граѓаните според испитаниците работи ВМРО- ДПМНЕ со 27 проценти , 13 одсто гласале за Заев, ДУИ 7 проценти и ДПА 3 проценти.
Анкетата покажала и дека ВМРО-ДПМНЕ може поефикасно да се справи со криминалот и корупцијата и меѓуетничките проблеми и може полесно да ја интегрира Македонија во ЕУ и НАТО. 21 процент се изјасниле по овие прашања за партијата на власт, додека за СДСМ мислат дека тоа подобро ќе го направи опозицијата.
21 процент од граѓаните се изјасниле дека ВМРО-ДПМНЕ може поефикасно да се справи со криминалот и корупцијата. Довербата по ова прашање за СДСМ е само 7 проценти. Безмалку идентичен е процентот и за мислењето оти владеачката партија успешно може да се справи и со меѓуетничките проблеми.
