Економија, финансии, бизнис

Контакт

Според министерот Николовски, во Струмица наскоро ќе се отвори откупно дистрибутивен центар

Според  министерот Николовски, во Струмица наскоро ќе се отвори откупно дистрибутивен центар

Во Струмица беше одржана трибина за моментната состојба со градинарското производство и откупот на земјоделските производи.

На оваа трибина учествуваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Јане Станкоски. Седнати на заедничка маса со земјоделците, откупувачите разговараа за претстојната откупна сезона, но и за сите отворени прашања од овој сектор.

 Министерот Љупчо Николовски  најави дека во наредниот период  приоритет за министерството ќе бидат  отворање на нов откупно-дистрибутивен центар во Струмица и наоѓање нови пазари за пласман на земјоделските и градинарските производи од овој регион. Трибина  во Струмица според него е само продолжување  ваквите средби кои ги одржуваат низ клучните земјоделски региони во државата и во пресрет на откупната сезона.

„Ние ги презентираме политиките на владата кои се усвоени со документи, со програми,  со уредби, со стратегии и сметаме дека треба да ги споделиме и со земјоделците и со откупувачите и со извозниците. Целокупната наша работа да биде најотворена, јавна и транспарентна , но и да ги добиеме сугестиите, коментарите, забелешките од сите нив. Токму затоа сметам дека овој модел на средби заедно со подрачните единиците, со агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, инспекторатот за земјоделство е многу битен“, рече министерот Љупчо Николовски.

Меѓу другото Николовски ги информираше струмичките земјоделци и за договорот кој беше постигнат пред неколку дена со Србија а се однесува на увозот на брашно. Тој потенцираше дека за 95% од брашното кое се увезува од таму  ќе важи новиот правилник и измените кои беа направени, а тоа значи дека маркичките ќе се лепат во Макдонија, а ќе се добиваат по направената  анализа од агенцијата за храна и ветеринарство. За пакувањата до 5 килограни кои изнесуваат само пет проценти од вкупниот увоз на брашно контролните маркички ќе се лепат во Србија.

Николовски посочи дека интензивно се работи и на отворањето нови пазари и дека се создадени нови контакти и можности за пласман и извоз на македонските земјоделски производи.

„Има резултат посетата на премиерот на владата на Република Турција, каде што се разговараше конкретно за извозот на нашето јагне. Со египетскиот министер за земјоделство, и покрај високите царини, се договоривме на наше писмено барање да понудиме што ќе извеземе и царините да бидат сведени на минимум. Очекуваме една голема делегација од Катар, особено во делот на земјоделството, со која ќе разговараме за извоз и пласман на нашите производите“, посочи Николовски.

Слично

Поврзани вести