Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПОМЕНУВААТ ОТСТАПКА НА ТЕРИТОРИИ: Зошто Грците ќе го „преплават“ Солун?

СПОМЕНУВААТ ОТСТАПКА НА ТЕРИТОРИИ: Зошто Грците ќе го „преплават“ Солун?

Нов протест е најавен во Грција за одбрана на името Македонија. 

За викендот грчки организации од дијаспората и внатрешни неполитички организации ги повикаа граѓаните на протест во Солун. Таму треба да се појави премиерот, Алексис Ципрас. 

Протестот ќе се одржи в сабота, а за граѓаните коишто не се од Солун има организиран превоз. Организаторите повикаа протестите да се организираат без партиски обележја. 

„Сите со грчки знамиња во рака, дојдете да го преплавиме Солун. Собирот ги засега сите Грци, затоа што не треба да се дозволи словенизација на македонскиот хеленизам што води кон отстапување на грчки територии“- пишуваат организаторите во соопштението.

Ова не е прв ваков протест. И претходно протести имаше во Атина, Солун и други грчки градови. Грците сметаат дека името Македонија нив им припаѓа и не треба да се отстапи на нашата земја. На протестите учестуваа јавни личности и свештеници. 

Слично

Поврзани вести