Споменикот во Улцин разгорува страсти: Дали е Скендербег Србин или Албанец?
Поставвањето на споменикот на Ѓерѓ Кастриоти Скендербег во Улцин отвори дилема во политичките кругови за неговото потекло.
Додека едни тврдат дека е Албанец, а други Србин, историчарот Шербо Растордер го опишува како ретка историска фигура, која спојува различни култури и традиции.
Лилјана Џурашковиќ од Демократски фронт смета дека тој е роден Србин, од татко Јован и мајка Војславка, од познатото семејство Бранковиќ.
Сепак за споменикот кој треба да биде поставен до крајот на годината историчарот истакнува: „Скендербег е албански национаен херој и неговото потекло нема никаква врска со фактот дека тој е дел од нивната историја. Сепак, мора да се истакне дека тој е фигура, која спојува два различни народи и споменикот треба да се гледа како спој на две култури“.
