Споменикот на Прометеј ишаран со боја
Споменикот на Прометеј спроти Собранието, при вечерашниот протест е ишаран со боја.
Претставници на здружението „Протестирам“ пред Собранието ги читаа нивните барања. Првичните барања се проширија по повикот на четирите партии да учествуваат на преговори в петок во Виена. За нив овие преговори се неприфатливи. Бараат итно повлекување одлуката за аболиција, итна и неотповиклива оставка од претседателот Ѓорге Иванов, Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО, да се формира специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО и друго.
Граѓаните кои учествуваат на протестот се надеваат дека протестите ќе вродат со плод и дека аболицијата ќе биде повлечена.
Слично
