Економија, финансии, бизнис

Контакт

Споменикот на Пјетр Богдани донесен спроти Собранието

Споменикот на Пјетр Богдани донесен спроти Собранието

Споменикот на Пјетр Богдани, еден од најистакнатите дејци во албанската литература, по полноќ е донесен во паркот Жена борец, спроти Собранието.

Овој споменик бил донесен со камион и е оставен на тревата. За време на викендов ќе бидат поставени и спомениците на Јосиф Багери и Неџат Аголи. Споменикот на Јосиф Багери ќе биде поставен во близина на новиот македонски театар, а споменикот на Неџат Аголи ќе биде  пред зградата на Телеком.

Спомениците на Неџат Аголи, Јосиф Багери и Пјетер Богани, според договорот од 2012 година ги изработува италијанската леарница „Гуастини“.

Богдани важи за најоригинален автор на раната албанска книжевност.

Слично

Поврзани вести