Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спомен куќата на Тоше лани ја посетиле 25.000 туристи

Спомен куќата на Тоше лани ја посетиле 25.000 туристи
Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево во текот на 2015 година, ја посетиле 25.000 туристи. Надлежните во Спомен куќата за Фактор објаснуваат дека над 90% од нив се домашни туристи, а лани имале 200 посетители од странство. “Странците се претежно Срби, Хрвати, имаме и Словенци. Посетеноста е поголема во летниот период, додека се годишните одмори. Многу од српските туристи кога се враќаат од Грција, попат ја посетуваат и Спомен куќата на Тоше и потоа продолжуваат за Србија“-велат од Спомен куќата. Посетата на Крушево не може да се замисли без посета на Спомен куќата на мега ѕвездата, Тоше Проески. „Внатре во Спомен куќата сум била само еднаш, но доколку патот ме носи повторно во Крушево, пак би ја посетила. Има што да се види, тоа е еден прекрасен објект. За посетителите има книга каде можат да ги запишат своите впечатоци и навистина имаше белешки од луѓе од различни места“-вели Тања Николовска, посетител. Во Спомен куќата гостите можат да видат многу лични работи, облека, предмети, книги, фотографии кои му припаѓаа на Проески.  
Слично

Поврзани вести