Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спојување на Monsanto и Bayer – Силна ГМО закана

Спојување на Monsanto и Bayer – Силна ГМО закана
Фармацевтскиот гигант Bayer ја зголеми понудата за преземање на Monsanto на 65 милијарди долари или нешто над 127 долари по акција во нов обид да се направи спој на двете компании кои доминираат со продажбата на пестициди. Експертите за животна средина се многу загрижени бидејќи на повидок е нов монопол кој ќе контролира повеќе аспекти од земјоделството, а штетните ефекти врз почвата и одгледувањето на ГМО храна веќе се видливи во многу региони во САД, но и низ светот каде Monsanto e присутен. Bayer-MonsantoMerger ГМО семето кое го обезбедува Monsanto предизвикува на одредена почва да расте само тој вид на растение, а потребни му се и многу пестициди. Има голем број на случаи на поединечни земјоделци на чија земја се пренело семето и тие биле тужени бидејќи немаат сертификати за производство од Monsanto. Доколку биде постигнат договор за спој на Monsanto и Bayer може да се создаде нова корпорација со далеку поголема контрола над пазарот и можност за влијание врз земјоделството, па затоа постои сомнеж дека регулаторните тела би дале одобрување.
Слично

Поврзани вести