Сплиќанин се обидел да си го удави своето неколкумесечно бебе
Сплиќанин се обидел да си го удави своето неколкумесечно бебе, кое заврши во болница, а постарото дете е сместено во детска установа.
Мајката го однела детето во болница во хрватскиот град Сплит. Бебето не е во животна опасност. Мајката поради голем шок е задржана на психијатриското одделение.
Кога полицијата дошла по 32-годишникот, тој се заклучил со постарото дете, а потоа побегнал. Мажот е уапсен по ноќна бркотница на Клис. Кога полицијата го уапсила, тој сѐ уште бил агресивен и давал отпор. Центарот за социјална работа во Солин донесе итна мерка според која и бебето и постарото дете од предучилишна возраст се одвоени од семејството.
Слично
